Финалето на Трофејот на шампионите во Аргентина помина во знакот на судијата Факундо Телјо кој покажа дури 10 црвени картони, на крајот Расинг стигна до трофејот со победата од 1:2 против Бока.
Од редовите на Бока исклучени беа седум фудбалери, а од составот на Расинг тројца. Првите два црвени картони беа поделени пред продолженијата, додека останатите во самиот финиш. Дуелот беше прекинат. Црвен картон доби и тренерот на Бока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ситуацијата ескалираше по големото славје на Алкараз пред навивачите на Бока, тој непристојно го славеше голот во 118. минута. Ваквиот потег не му го простија противничките играчи.