Дома Трансфер зона Хамес: Сите знаат дека имав договорен трансфер во Атлетико, Реал го блокираше

Хамес: Сите знаат дека имав договорен трансфер во Атлетико, Реал го блокираше

Хамес Родригез во изминатото лето се пресели во Ал Рајан откако наиде на несогласувања со Рафаел Бенитез во Евертон, меѓутоа Колумбиецот не планира долго да остане во Катар.

Родригез не отфрла можност за враќање во европскиот фудбнал, а во последното интервју зборуваше за пропаднатиот трансфер кој му го блокирал Реал. После позајмицата во Баерн, Хамес остана една сезона во Реал и тоа беше неочекуано. Реал Мадрид летото 2019-та година не му дозволил на Родригез да премине во Атлетико.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фудбалерите не ја креираат сами својата судбина. Во фудбалот има шефови кои се над вас. Сите знаеме дека имав договорен трансфер со Атлетико. Се беше договорено, ќе бев блиску и до моите деца, но на крајот Реал го блокираше трансферот. Не може секогаш работите да одат во правец каков што вие посакувате“.

„Не знам дали ќе се вратам во Евертон, но тоа останува како опција. Ако тие сакаат да бидам со нив отворен сум за такво нешто. Јас немав проблеми со клубот, си заминав без расправија“, изјави Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…