Некогаш големата колумбиска ѕвезда, Хамес Родригез е во потрага по нов клуб и најверојатно ќе се врати во Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хамес последно играше за бразилски Сао Паоло, но го раскина договорот во моментов е слободен агент.
На последната Копа Америка покажа дека се уште може да игра на врвно ниво, па интерес за него покажуваат неколку клубови од Серија А.
Хамес беше вистинска сензација по Мундијалот во 2014 година и тоа лето се пресели од Монако во Реал Мадрид, меѓутоа подоцна следуваше пад во кариерата, а играше уште за Баерн, Евертон, Ал Рајан и Олимпијакос.
🚨 James Rodríguez wants to RETURN to Europe – priority for Italian clubs.🌟🇨🇴
— Football Transfers (@Transferzone00) August 20, 2024
(via @PSierraR🌕)