Eвертон на крајот успеа да се ослободи од Хамес Родригез.
Во текот на летото Родригез се поврзуваше со повеќе европски клубови, но Колумбиецот ги одбиваше понудите. Сега ја прифати понудата на Ал-Рајан од Катар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Родригез од понеделникот е во Катар ги помина лекарските прегледи, а клубот веќе го најави неговиот трансфер. Финансиските детали не се откриваат, но сигурно е дека Родригез си обезбедил добри услови.
Кариерата на Родригез во последните две сезони тргна во надолна линија. Со Евертон минатата сезона имаше добар старт, но потоа го „снема“. Претходно беше позајмен во Баерн Минхен од Реал Мадрид. Во кариерата настапуваше уште за Порто и Монако.
قريبًا
— AlRayyanSC (@AlrayyanSC) September 22, 2021
Soon pic.twitter.com/OqcPyGFFQj