Дома Трансфер зона Халиловиќ има само 22 години и се наоѓа пред трансфер во седмиот клуб во кариерата

Халиловиќ има само 22 години и се наоѓа пред трансфер во седмиот клуб во кариерата

halilovic

Се уште младиот хрватски фудбалер, Ален Халиловиќ според пишувањето на италијанските медиуми е на чекор од седмиот трансфер во кариерата.

Како што пренесува италијански „Скај Спорт“ фудбалерот на Барселона е многу блиску до потпис со Бешикташ, а неговиот агент денес одржал состанок со претставниците на овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Халиловиќ оваа сезона не запиша ниту еден настап во Серија А за екипата на Милан во која пристигна пред шест месеци како слободен играч. Само три пати доби шанса во Лигата на Европа и запиша 60 минути.

Јасно е дека за него нема иднина во редовите на „росонерите“, па Бешикташ изгледа како реална опција во овој момент.

Ако навистина овој трансфер се реализира, ова би било веќе седми трансфер за младиот Халиловиќ. Хрватот претходно го носеше дресот на Динамо Загреб, Барселона, Споринг Хигон, Хамбургер и Лас Палмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…