Дома Фудбал Англија Халанд даде два гола, а Пеп збесна на полувремето – еве за што станувало збор

Халанд даде два гола, а Пеп збесна на полувремето – еве за што станувало збор

Манчестер Сити вчера го победи Барнли со 0:3 и така со лесна победа ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата.

Халанд во првото полувреме постигна два гола, а токму на паузата Пеп му се жестоко му се дереше. Ситуацијата беше чудна затоа што Норвежанецот одигра одлично полувреме, По натпреварот двајцата објаснија за што станувало збор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Секогаш Ерлинг сака да му се додаде топката нему и само нему. Постојано бара да биде проигруван во простор. Ерлинг ја сакаше топката, но Бернардо донесе добра одлука што не му ја додаде. Сепак, постигна два гола и верувам дека е среќен“, истакна Пеп.

За ситуацијата зборуваше и Халанд.

„Инцидентот се случи по последната акција во која му се налутив на Бернардо затоа што не ме проигра. Затоа Пеп ми се налути. Морам да кажам дека не постои тренер од кој можете да научите толку многу“, изјави норвешкиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…