Дома Фудбал Халанд го избра омилениот гол во Премиер лигата 🎥

Халанд го избра омилениот гол во Премиер лигата 🎥

Eрлинг Халанд одигра фантастична сезона во која со Манчестер Сити ја освои Премиер лигата.

Напаѓачот на „граѓаните“ постигна 36 голови и стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Сега норвешкиот напаѓач го избра неговиот омилен гол во сезоната. Станува збор за голот против Саутемптон во 68-та минута за водство од 0:3, тој натпревар Манчестер Сити го доби со убедливи 1:4.

„Ножичките против Саутемптон беа нешто посебно, зарем не?“, изјави Халанд кој во првата сезона за Сити постигна 52 гола во сите натпреварувања.

Манчестер Сити освен што ја освои Премиер лигата, ќе игра уште две финалиња во ФА Купот и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Славеа титула на теренот, но Бока им го одзеде пехарот во 96. минута!

Навивачите на Росарио Сентрал прерано почнаа шампионска прослава. Енер Валенсија погоди во…