Суперталентираниот напаѓач на Борусија Ерлинг Хланд ја воодушеви Европа со своите настапи за Салзбург, а сега игра фантастично и во Борусија Дортмунд.
Халанд вчера постигна два гола во победата од 2:1 на Борусија против ПСЖ. Меѓутоа младиот фудбалер смета дека може уште подобро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мило ми е што сум прогласен за играч на натпреварот, но се чувствувам дека можам многу подобро. Морам да играм подобро на ова ниво, треба напорно да работам за да напредувам“, изјави Халанд.
Од доаѓањето во Борусија Халанд постигна 11 гола на седум натпревари. Во јануари Норвежанецот постигнуваше голови на 41 минута и само 11 играчи во Бундес лигата постигнале повеќе голови од него иако тој одигра само пет натпревари.
Во Лигата на шампионите Халанд заедно со Левандовски е прв стрелец со 10 гола.