Дома Фудбал Англија Хаверц призна дека го викаат магаре и откри зошто

Хаверц призна дека го викаат магаре и откри зошто

Ѕвездата на Челзи, Каи Хаверц откри дека има посебна поврзаност со магарињата и дека има голема љубов кон тие животни.

Германецот откри и дека соиграчите го викаат магаре, бидејќи многу ги сака тие животни и често поминува време со магариња.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Некои ме викаат „магаре“, но не поради фудбалот. Одамна чувствувам посебна поврзаност со магарињата. Тие се мирни животни, можеби се поврзувам со нив бидејќи и јас сум смирен човек. Тие одмараат цел ден, не прават многу, сакаат да си го живеат животот. Секогаш сум ги сакал. Кога сум загубен, одам да гледам животни. Гледам нешто човечко во нив и таму пронаоѓам мир“, вели Хаверц.

„Фудбалот не е најважната работа во мојот живот. Другите се можеби 100 пати поважни. Можеби не е лесно да се каже и можеби на луѓето не им се допаѓа, но јас така се чувствувам“, изјави Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…