Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Кај Хаверц дал согласност за трансфер во Баерн Минхен, пренесува „Скај Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Хаверц минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми Леверкузен бара 100 милиони евра за неговиот потпис.
Гигантите веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, а Баерн Минхен не сака да дозволи Германецот да замине од Бундеслигата и да се пресели во Бундеслигата.
Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му понудиле 8 милиони евра по сезона, а Хаверц ја прифатил понудата и се согласил за трансфер во Минхен.