Тајсон Фјури во третата борба против Деонтај Вајлдер дојде до втората победа.
Фјури со нокаут во 11. Рунда стигна до нов триумф и така ја одбрани ВБЦ титулата. Добро го отвори мечот Фјури и во третата рунда беше Вајлдер на земја, но веќе во наредната се случи целосен пресврт и малку фалеше Фјури да биде нокаутиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вајлдер успеваше два пати да го руши Фјури во 4. рунда, но од петата рунда Фјури непрестано го напаѓаше својо ривал и на крајот победи.
„Како што рече големиот Џон Вејн, јас сум составен од железо и челик“, порача Фјури после борбата и доби овации од публиката.
Фјури сега веројатно го чека борба против Дилан Вајт и Ото Валин, но не е невозможно да се бори и против Олександар Усук.
Deontay Wilder Knockout by Tyson Fury pic.twitter.com/B7s5bLgi4W
— Coach T Flow (@TERRENCEFLOWE20) October 10, 2021