Натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар кој викендов заврши со победа на црвено-црните од 0:1 донесе и инцидент во кој беше повреден судијата Гоце Петрески.
Иако од Тиквеш тврдеа дека Петрески лажирал повреда, ФФМ потврди дека постел удар со пластично шише и теренот ќе биде суспсендиран до новата одлука на Дисциплинската комисија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот како и што се најавуваше е регистриран со службени 0:3 за Вардар бидејќи беше прекинат некоја минута порано
„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат. Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ и е во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .
Комисијата за натпревари на ФФМ според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар 0:3 го регистрираше овој натпревар“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Македонија.