Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ одговори на АМС: Драг Наумче Мојсовски, за вакви работи се одговара!

ФФМ одговори на АМС: Драг Наумче Мојсовски, за вакви работи се одговара!

Прес-конференцијата беше повикана од страна на ФФМ поради вчерашното соопштение на АМС.

„Денешната прес-конференција ја повикавме со една цел. Драг, Наумче Мојсовски, за такви работи се одговара. Во текот на вчерашниот ден до мене пристигнаа информации дека некои клубови биле повикани и уценувани да го блокираат изборното собрание во следниот период. Не сакав да верувам во тие информации додека не го видов соопштението објавено на Агенцијата за млади и спорт“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Вистина е дека немаме право на жалба на таа второстепена одлука, но имаме право на тужба. И таа тужба беше поднесена од страна на ФФМ. Тужбата беше прифатена и уважена. За ваквото работење на највисокото тело за спорт во државата се известени и ФИФА и УЕФА“.

„Како што кажав сега не сакам да зборувам и да шпекулирам за тие уценувања, кога ќе има докази сите ќе бидете информирани“, изјави помеѓу другото претседателот на ФФМ.

Од новинарите Сејдини доби прашање дали повторно би се кандидирал за прв човек на македонскиот фудбал.

„На 3. март ќе се собере изборното собрание на ОФС Кичево, ако ме изберат ќе се кандидирам“, одговори Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…