Во фудбалската федерација на Македониија денес беа извлечени двојките за баражите за местата во Втората македонска фудбалска лига.
ТЕТЕКС – ОСОГОВО
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
БАШКИМИ – ВЛАЗРИМИ
ВАРДАР НЕГОТИНО – НОВАЦИ
Како што е добро познато, бараж натпреварите треба да се играат на неутрален терен, па така сега е познато и кој каде ќе игра.
ФФМ одлучи Тетекс и Осогово да играат на „Борис Трајковски“ во Маџари, Башкими и Влазрими во Тетово, а Вардар Неготино и Новаци во Кичево.
Натпреварите се играат на 28-ми мај (недела) од 17:00 часот.
Фото: ФК Тетекс