Дома Трансфер зона Фуриозен финиш на Фулам: Пет играчи за помалку од три часа, еден од нив е – Лусијано Вието!

Фуриозен финиш на Фулам: Пет играчи за помалку од три часа, еден од нив е – Лусијано Вието!

Доколку успеат се да реализираат ќе имаат сериозен тим на располагање!

Фулам тргнува во фуриозна завршница на преодниот рок – сака да купи пет фудбалери до 18:00 часот и островските медиуми пренесуваат дека имаат шанси овие трансфери и да ги завршат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некои од нив се веќе договорени и само чека потврда, како голманот Серхио Рико од Севиља и левиот бек од Бристол, Џо Брајан кој се наоѓа на прегледи, но има такви за кои во овие моменти се преговора.

Утрово се појави веста дека Андре Агис, играчот за врска на Марсеј, со една нога е во редовите на Фулам, Значи тука и Ангис, фудбалер кој блескаше минатата сезона во Лигата на Европа.

Медиумите најавуваат и дека Мартин Монтоја е пред вратите на „Кревен Котиџ“. Според последните информации постигнат е договор со Валенсија за позајмица.

И за крај вистинска бомба за овој клуб – Лусијано Вието!

Ова ќе биде најтешката зделка, засега нема најави дека постигнале договор со Атлетико, но ситуацијата се менува од минута во минута. Диего Симеоне не смета на Вието, па понудата од Фулам за едногодишна позајмица би можела да биде одлична опција за сите три страни.

Како и да е се ќе биде познато во 18:00 часот!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…