Дома Фудбал Останато Фудбалерот на Тотенхем превзема радикални промени за да се врати во форма

Фудбалерот на Тотенхем превзема радикални промени за да се врати во форма

Тотенхем многу лошо влезе во сезоната, а навивачите минатата недела го доживеаа еден од најголемите порази, бидејќи нивниот тим беше поразен од Баерн со 7:2.

Многу играчи на Тотенхем се бледа слика од она што го гледавме од нив минатата сезона, а изгледа дека во најтешка ситуација е Деле Али. Тој минатото лето одлично играше за репрезентацијата на Англија, а по тоа за Тотенхем минатата сезона одигра 38 натпревари и постигна 7 гола, но оваа сезона целосно не е во форма и настапи во само четири натпревари, од кои само еден во Премиер лигата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради тоа, Али испадна од последниот список на репрезентацијата на Англија, но изгледа е решен да се врати во форма. Младиот Англичанец ангажирал личен нутрициониста за да се обиде да ги запре повредите на мускулите со кои имаше проблем во последните 18 месеци и сега е на строга диета.

Исто така одлучи да ги намали своите активности кога станува збор за рекламите, се со цел да се фокусира на процесот на враќање во форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тандемот на Реал функционира перфектно: Белингам му кажа на Винисиус каква топка сака и гол падна по 30 секунди! (Видео)

Реал Мадрид ја победи Аталанта на гости со 3:2 и така ја прекина низот од два пораза во Ли…