Јувентус и Аталанта вчера одиграа 1:1 во 12. коло од Серија А. Трагичар за домаќините беше Кристиано Роналдо кој промаши пенал во 61. минута.
Меѓутоа навивачите на Јувентус го критикуваат судењето и сметаат дека Мартин Де Рон требало да биде исклучен во 52. минута за стартот на Хуан Квардадо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Де Рон на Твитер одговори на еден фан на Јувентус и призна дека направил грешка.
„Требаше да бидеш исклучен за стартот на Квардадо“, му напиша еден фан.
„Се сложувам. Задоцнив и бев прегруб. Се надевам дека на сите им е јасно дека тоа не ми беше намерата. Му се извинувам на Квардадо“, одговори Де Рон.
Agree. I was too late and it was too hard. But I hope it’s clear that it was never my intention. Apologies to @Cuadrado https://t.co/YGuWcPPuDW
— Marten de Roon (@Dirono) December 16, 2020