Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалерките победија за прв пат после осум ипол години!

Фудбалерките победија за прв пат после осум ипол години!

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес конечно ја запиша својата прва победа во квалификациите.

Фудбалерките денес го победија Казакстан со 4:1. Триумфот дојде најмногу благодарение на нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова која постигна хет-трик и запиша една асистенција.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Последен пат фудбалерките победија во претквалификациите уште во март 2011 година кога ги победивме Луксембург (5:1) и Летонија (1:0). Од тогаш немаме победа на официјални квалификации. Во тој период имавме учинок од три нерешени натпревари и 25 порази.

Андонова која неодамна се врати во репрезентацијата после три години пауза денес беше предводничка до триумфот. Победата беше најавена со нејзиниот гол во шестата минута, за во 14-тата да и асистира на Гентијана Рочи, во 28-та Андонова од пенал погоди за веќе 3:0. Во вториот Казакстан преку Мјасникова намали на 3:1, а конечните 4:1 ги постави Рочи со нејзниот втор гол.

Следен натпревар на фудбалерките е со Србија за три дена исто така на домашен терен (тренинг-центарот „Петар Милошевски“).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…