Дома Трансфер зона Фудбалери на Барселона преку „WhatsApp“ го убедуваат Гризман – дојди во Барса!

Фудбалери на Барселона преку „WhatsApp“ го убедуваат Гризман – дојди во Барса!

griezman

Веќе од поодамна се пишува дека Антоан Гризман би можел да го напушти Атлетико Мадрид ова лето и да се пресели во редовите на Барселона.

Каталонски „Спорт“ сега пишува дека одредени фудбалери на Барселона се погрижиле трансферот да биде убрзан и навистина Гризман да заврши на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно неколку ѕвезди на Барселона биле воодушевени од идејата дека во екипата може да им се придружи Гризман и започнале на Французинот да му испраќаат пораки со цел да го убедат да ја избере Каталонија за негова наредна дестинација.

„Спорт“ прцизираше дека Гризман добивал пораки преку апликацијата „WhatsApp“ и дека во главно содржината била – „дојди во Барса!“.

Барселона изгледа не ќе мора долго да чека да ја слушне одлуката на Гризман дали сака да го напушти Атлетико, бидејќи Французинот истакна дека сака неговата судбина да биде решена пред почетокот на Мундијалот.

Од друга страна Атлетико има понуда со која би го направиле Гризман најплатен играч во историјата на овој клуб, но не е познато дали таа понуда ќе биде доволно примамлива да го задржи Французинот во главниот град на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…