Арсенал ќе казни четири фудбалери поради тоа што ги скршиле мерките во текот на карантинот.
Николас Пепе, Александер Лаказет, Гранит Џака и Давид Луиз не ги почитуваа правилата, која ги соопшти Владата на Велика Британија.
Најскапото засилување во историјата на клубот, Пепе, играл фудбал со пријателите во северен Лондон. Постои фотографија од местото која докажува дека тој не ги почитувал мерките.
Луиз и Џака биле забележани како шетаат заедно, додека Лаказет бил во контакт со момче кое му води сметка за автомобилот.