Центарот за јавно здравје – Велес потврди присуство на бактерија во еден вид салата од ресторанот во Велес во кој во саботата се затруја четиринаесет фудбалери на „Пелистер“.
Исто така, на брисевите кај неколку од вработените потврдено е присуство на патогени бактерии. Со ова се потврди дека фубалерите се затруле со храна. Кујната во објектот беше затворена на денот на вонредниот инспекциски надзор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерите на битолски „Пелистер“ се затруја со храна пред натпреварот што требаше да го одиграат со „Шкупи“. По ручекот што го имале во ресторан во Велес, почнале да се жалат на тегоби и стомачни проблеми по што биле хоспитализирани.