Maкедонските фудбалери до 16 години денес на пенали ја победи Романија во контролниот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Во регуларниот дел на натпреварот немаше погодоци, па потоа во договор на двете селекции се изведуваа пенали и тука бевме подбри со резултат 5:4.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Селекцијата која ја води Драган Канатларовски најдобрата шанса имаше во второто полувреме преку Георг Стојановски. Одлична шанса не искористи и Дашмир Елези.
За Македонија денес настапија: Стефан Тасев, Марко Ристов (66` Никола Павлевски), Бљенд Зекири, Енис Буќи (89` Борјан Попоски), Матеј Ангелов (66` Давид Љушев), Дашмир Елези (84` Огнен Здравковски), Георг Стојановски (66` Михаил Талевски), Бесар Гуџуфи (80` Матео Софијановски), Игор Јаневски, Мите Митев (80` Мирче Стоилов), Хамса Меметриза (66` Матеј Ѓорѓиев);
Во четврток во 11 часот двете селекции ќе одиграат втор контролен натпревар.
Фото: ФФМ