Дома Македонски спорт Фудбалерите до 15 години ќе одиграат два контролни натпревари против Србија

Фудбалерите до 15 години ќе одиграат два контролни натпревари против Србија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.

Пријателските средби против Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот контролен дуел е закажан на 11. октомври со почеток од 14. часот. Втората пресметка ќе се одигра на 13. октомври во 11. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Раде Каранфилоски се одлучи да ги повика следните фубалери:

Голмани: Антониј Трајковски (ССК), Павел Грбевски (Вардар);

Одбрана: Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Елис Жута (Јанг Тим), Стефан Стаматоски (Еврофудбал), Албан Рочи (Јанг Тим), Енвер Фејзуловски (Пелистер), Алекс Започек (Ексцелсиор, Холандија), Мартин Џангаровски (Македонија Ѓ.П.);

Среден ред: Давид Ангелевски (Талент), Лорент Жаку (Јанг Тим), Александар Грашевски (Њу Старс), Матео Каранфилоски (Работнички), Илија Митановски (Вардар), Стефан Бујароски (Еврофудбал), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Бленди Ганиу (Шкупи);

Напад: Иво Марковски (Драчево), Александар Нехтенин (Брегалница), Стефан Бранковски (Триглав, Словенија);

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…