Дома Македонски спорт Фудбалерите до 15 години поразени од Србија

Фудбалерите до 15 години поразени од Србија

Македонската репрезентација до 15 години загуби со 3:2 од Србија на вториот конторлен натпревар одигран денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Првиот дуел меѓу двете младински селекции заврши без победник 2:2. 

На денешниот натпревар, фудбалерите на селекторот Раде Каранфиловски дојдоа во водство со голот на Митановски во 10. минута. Сепак гостите од Србија со три гола, од кои два на Матијашевиќ и еден на Маровиќ, поведоа со 1:3 до полувреме.

На почетокот на вториот дел, нашата селекција со гол од пенал на Грашевски успеа да го ублажи поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…