Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Фред е воодушевен што актуелниот тренер на Ајакс Ерик Тен Хаг ќе го предводи гигантот од „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната и се надева дека преспективниот стратег ќе биде далеку подобар од неговите претходници.
Денес официјално е соопштено дека по завршувањето на Тен Хаг ќе потпише договор до 2025 година, а постои можност негов мошник да биде Стив Мекларен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Одлична вест! Тој е тренер од светска класа кој многу ќе ни помогне. Го гледав Ајакс и станува збор за одличенм тим кој игра добар фудбал. Знаеме дека многу ќе ни помогне и се надевам дека ќе ни донесе трофеј наредната сезона“, изјави Фред.
Приоритет на Тен Хаг ќе биде секојдневен напредок во играта.
„Мораме да го вратиме Јунајтед на местото каде што припаѓа. Знаеме дека новиот менаџер ќе ни помогне да растеме и да освојуваме трофеи, но исто така за се е потребно време. Ќе имаме предсезона и тоа нема да биде лесно. Со себе ќе донесе нов стил на кој ќе треба да се прилагодуваме“, порача Фред.