Минатогодишниот македонски шампион Шкупи по денешниот натпревар во кој со 3:0 славеше против Македонија Ѓорче Петров се збогуваше со Костариканецот, Фреди Алварез.
Алварез го одигра 100-тиот натпревар за Шкупи и тој беше последен во Чаир. Костариканецот беше еден од најважните играчи на Шкупи кога овој тим минатата година стигна до титулата по 20 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ти благодариме, вратата во Чаир секогаш ќе ти биде отворена“, објави клубот од Чаир.
Шкупи по минатогодишниот успех сезонава ја завршува без освоен трофеј.