Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола призна дека сака да го доведе Оливие Жиру во Лига 1, во текот на летото.
Жиру неодамна се пожали дека „иднината ќе му биде тешка“ во Челзи, доколку управата на клубот од „Стемфорд Бриџ“ го откупи договорот на Гонзало Игуаин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакав да го доведам Жиру уште минатото лето, дури го повикав и Венгер да видам кои се опциите. Разговаравме во текот на Светското првенство, кога бев во Москва. Тогаш трансферот не беше возможен. Постои интерес да го доведеме и ова лето. Малку време остана за зимскиот трансфер период. А во овој момент имаме добар тим“, изјави Ола.
Францускиот фудбалер во Премиер лигата е уште од 2012. година, кога од Монпелје се пресели во Арсенал.