Дома Фудбал Останато Француската легенда: Добро е Нејмар што се повреди, не можам да го гледам повеќе

Француската легенда: Добро е Нејмар што се повреди, не можам да го гледам повеќе

Кристоф Дугари, тврди дека ПСЖ подобро игра кога во тимот не е Нејмар и упати жестоки критики кон Бразилецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој тврди дека повредата на Нејмар е добра вест за клубот, но и за тренерот Галтие.

„За ПСЖ добра вест е повредата на Нејмар. Верувам дека тоа е неверојатна среќа за тренерот Галтие. Тимот има многу подобар биланс со пет играчи во одбраната, тројца во средниот ред и двајцата напаѓачи Лионел Меси – Килијан Мбапе”, изјави Дугари.

„Не можам веќе да го гледам. Не можам да го поднесам. Ме нервираат дури и неговите дриблинзи, неговиот став. Се изморив од него и не сакам повеќе да го гледам на терен. Без Нејмар, ПСЖ веројатно ќе игра поповлечено и на контра напади. Овој тим не е во состојба да контролира натпревар кога ќе загуби посед, тројцата напаѓачи не се враќаат во одбрана и тогаш тимот е во опасност“, додаде поранешниот француски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…