Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Франција – Австралија: Шампионот е силен и кога има проблеми

Франција – Австралија: Шампионот е силен и кога има проблеми

Денес на програмата има четири натпревари од Светското првенство. Актуелниот светски шампион Франција одбраната на титулата ќе ја започне со меч против Австралија.

Ова е натпревар од групата Д каде уште се наоѓаат Данска и Тунис, а Франција секако е главен фаворит за првото место.

Франција е силна дури и кога има проблеми


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Франција нема конкуренција во оваа група, барем на хартија, ама десеткуван во отсуство на главните играчи во средниот ред, тимот ќе мора да покаже зрелост. Килијан Мбапе е лидерот на оваа генерација на „триколорите“ и многу се очекува од него. Голем хендикеп за Франција е што остана без неколку важни играчи во средниот ред и нападот, пред се Карим Бензема. И покрај тоа „триколорите“ имаат исклучително квалитетен тим, кој сака да се искупи за лошиот настап на Европското првенство каде беа елиминирани од Швајцарија во осминафиналето. Во квалификациите за СП Франција немаше големи проблеми и го зазеде првото место во групата со шест бода повеќе од Украина. За овој дуел селекторот Дешамп нема да може да смета и на Варан и Кунде, кои имаат мали повреди и ќе бидат спремни дури за вториот меч од групата.

Можат ли Кенгурите да ја „скокнат“ групата?

Од 2006 година Австралија е редовен учесник на Светските првенства, иако во тој период популарните „Кенгури“ не остварија значајни резултати. До ова Светско првенство стигнаа преку интерконтинентален бараж, беа подобри од Перу дури после изведување на пенали. Австралија има тим кој е микс од повеќе европски лиги, а главна улога сигурно ќе игра капитенот и голман Метју Рајан. Интересно е што Австралија само еднаш успеа да дојде до нокаут фазата и тоа пред 16 години на Мундијалот во Германија. Со оглед на фактот дека Франција е апсолутен фаворит во оваа група, „Кенгурите“ својата шанса ќе ја бараат против Данска и Тунис, но секако во овој меч нема да влезат со бело знаме. Пред Мундијалот Австралија одигра два пријателски меча и два пати славеше, па сигурно и самодовербата во тимот е на добро ниво.

Очекување

Франција има исклучително квалитетен тим иако остана без многу важни фудбалери. Австралија ќе се ориентира на одбрана и ќе се заканува прекуконтранапади, но очекуваме „триколорите“ да дојдат до победа.

Сите квоти за овој натпревар може да ги погледнете во MOZZART

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Меси нема дилеми која е новата ѕвезда на Барселона: Тој е сегашност и иднина!

Лионел Меси веќе години е далеку од Барселона, но засекогаш ќе биде поврзуван со овој клуб…