Дома Фудбал ФОТО: Роналдо во Лондон ја запросил Георгина!

ФОТО: Роналдо во Лондон ја запросил Георгина!

Португалскот фудбалер и прва ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо одлучил да ја запроси својата девојка Георгина Родригез, пренесува најпродаваниот португалски весник „Кореире де Манха“.

Роналдо и Георгина во изминатите денови престојуваа во Лондон, а при овој мал одмор и изгледа дека Португалецот пријатно ја изненадил Георгина.
Имено, новинарите забележаа свршенички прстен на раката на Георгина“ што е јасен знак дека кажала „да“.

Споменатиот португалски медиум веќе пренесува дека атрактивна шпанска манекенка веќе е во потрага по венчаница за свадбата која би требало да се одржи наскоро.

Ќе потсетиме, Роналдо Георгина ја запозна во 2016 година.

Парот во меѓувреме доби две деца, па и се очекува еден ден да стапат во брак.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…