Фудбалерите на Барселона утре играат на домашен терен против Интер во натпревар од третото коло во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Каталонскиот клуб во првите две кола запиша две победи против ПСВ и Тотенхем, а утре ги очекува натпревар со стариот ривал. Барса во овој натпревар влегува значително ослабено, бидејќи не може да смета на капитенот Меси кој поради повреда ќе биде надвор од теренот најмалку три недели.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Повредата на Меси дојде во налошиот момент за Барселона, кога им следи тежок распоред. Покрај двата натпревари со Интер, аргентинскиот фудбалер ќе го пропушти и Ел Класико кој се игра овој викенд.
Неговото закрепнување од повредата веќе започна, а Меси вчера ги изненади своите соиграчи на тренингот. Тој се појави во тренинг центарот на Барса за да им даде поддршка на своите соиграчи и да ги мотивира за двата исклучително тешки натпревари против Интер и Реал Мадрид.