Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФОТО: Познати 10 од 11 стартери на Англија за Мундијалот – „Гордиот Албион“ посилен од било кога!

ФОТО: Познати 10 од 11 стартери на Англија за Мундијалот – „Гордиот Албион“ посилен од било кога!

Пријателските натпревари на репрезентацијата на Англија во текот на неделава можеби и не беа возбудливи, но Герет Саутгејт изгледаше како човек со план и изгледа дека одбра 10 од 11 фудбалери во стартниот состав за Светското првенство.

Англичаните 180 минути не постигнаа гол, не креираа многу шанси, но изгледаа организирано и играа во систем, што секако е нешто што претходно не беше случај. Саутејт се префрли на системот 3-5-2 за пријателските натпревари и полека започна да го креира својот тим за Светското првенство во Русија 2018.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Гордиот Албион“ беше без најдобрите играчи Хари Кејн и Деле Али поради повреда. Но, извештаите велат дека Саутгејт сепак одбрал 10 од 11 првотимци за лето. Лалана штотуку се опорави од повредата и доколке биде здрав сленото лето, ќе го сочинува средниот ред заедно со Хендерсон, а единствената дилема е кој ќе му прави друштво. За местото ќе се борат Хари Винкс и Рубен Лофтус-Чик.

Дали ова е тим кој на Англичаните конечно ќе им донесе добар резултат на едно натпреварување?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…