Познати се сите учесници на Светското првенство кое ќе биде одржано во Русија 2018. година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако што во средата Данска стана 14. европска репрезентација која ќе се бори за титулата, последните две места низ интерконтинентални квалификации ги освоија Австралија и Перу.
На светското првенство ќе настапат следниве 32 репрезентации:
Белгија, Англија, Франција, Германија, Исланд, Полска, Португалија, Србија, Шпанија, Русија, Данска, Хрватска, Швајцарија, Шведска, Аргентина, Бразил, Колумбија, Уругвај, Перу, Костарика, Мексико, Панама, Иран, Јапонија, Австралија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Египет, Мароко, Нигерија, Сенегал и Тунис.
Светското првенство во Русија ќе се одигра од 14. јуни до 15. јули 2018. Ждрепката за групите на Светското првенство ќе се одржи на 1. декември.
