Дома Фудбал ФОТО Навивачите на Динамо изведени пред суд, Грците ги навредуваа: Убијци, фашисти!

ФОТО Навивачите на Динамо изведени пред суд, Грците ги навредуваа: Убијци, фашисти!

Грчката полиција уапси околу 100 лица по нередите во пресрет на одложениот натпревар меѓу Динамо и АЕК во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По ослободувањето на дел од нив, останаа 94, а денеска ќе бидат изведени пред обвинител, објави агенцијата АНА.

Сега се објавени и фотографии од навивачите кои пристигнуваат во судот, каде што ги превезува полицијата со автобуси.

Повеќето од нив се Хрвати, навивачи на Динамо. Newsit објави дека безбедносните мерки се исклучително строги.

Полициски автомобили ги следеа автобусите до крај. Кога стигнале пред судот, насобраните грчки жители ги навредувале извикувајќи „убијци“ и „фашисти“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…