Maкедонија во вчерашниот натпревар против Германија одигра реми 25:25 што е одличен резултат со оглед на тоа што во новата група стартуваме како лидери како единствена репрезентација со три освоени бодови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму по натпреварот против Европскиот шампион, тројцата македонски репрезентативци Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузмановски во продолжение ќе настапуваат со нови фризури.
Имено, македонските ракометари ветиле дека ќе се исшишаат на „нула“ доколку бидеме лидер во нашата група, а токму тоа и се случи.
Манасков на својот Инстаграм профил ја објави оваа фотографија и напиша: „Нова фризура! Кладба си е кладба“.
