Во вторник со почеток од 20:00 часот во Франција пријателски натпревар ќе одиграат селекциите на Босна и Сенегал.
Оваа средба привлече и внимание од светските медиуми поради тоа што во двете селекции играат фудбалери кои настапуваат во големи клубови како: Џеко (Рома), Кулибали (Наполи), Мане (Ливерпул), Пјаниќ (Јувентус), Колашинац (Арсенал)….
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дел од фудбалерите настапуваат и во Премиер лигата па поради тоа најава за оваа средба се појави и на познатиот англиски медиум „The Sun“.
Реномираниот англиски медиуми изгледа не е баш добро запознаен со случувањата на Балканот, односно во репрезнетацијата на БиХ. Имено, во најавата стои дека утре во составот кој го води Мехмед Баждаревиќ се очекува да биде Един Џеко.
Новинарите на „The Sun“ изгледа не се информирани дека Мехмед Баждаревиќ заработи отказ на клупата на БиХ, а него го наследи Роберт Просинечки.