Барселона ги обезбеди неговите услуги за наредната сезона, а ова призание докажува дека ќе биде големо засилување за Каталонците.
Каталонците во последните неколку години потрошија голема сума пристигнаа големи засилувања како Нелсон Семедо, Паулињо, Осман Дембеле, Кутињо…За наредната сезона е договорен и играчот за врска од Гремио, Артур Мело.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 21 годишен фудбалер важи за еден од најталентираните бразилски фудбалери во овој момент.
Кон крајот на минатата година со неговиот тим триумфираше во Копа Либертадорес, а признанието кое сега му беше доделено докажува дека Барса направила одлична зделка.
Имено, Артур на својот Твитер профил се пофали дека е прогласен за најдобар играч за врска во бразилскиот шампионат.
E depois da alegria de ter sido campeão gaúcho, recebo a premiação como melhor volante da competição. O meu agradecimento é para todos que fizeram mais essa conquista se tornar possível. Vamos em busca de mais. Sempre!! ??? pic.twitter.com/oD3Sq7Aal5
— Arthur Melo (@arthurmeloreal) April 11, 2018
Навистина големо признание за така млад фудбалер, останува да се види дали наредната сезона веднаш ќе добие прилика на „Камп Ноу“ или пак ќе биде испратен некакде на позајмица.