Искусниот италијански стратег Маурицио Сари е фаворит за тренерското столче на Рома, пренесуваат медиумите на Апенините.
Сари доби отказ од Јувентус минатата сезона, но се уште е на платниот список на „старата дама“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сари во моментов има две понуди, едната е од Фиорентина, но медиумите тврдат дека тој ја прифатил понудата на Рома.
Пауло Фонсека сигурно ќе добие отказ на крајот на сезоната, а последните информации од Апенините се дека Маурицио Сари постигнал комплетен договор со „волчицата“ и ќе потпише двегодишен договор.