Шпанските медиуми на големо пишуваат за тоа дека Флорентино Перез влезе во последната фаза од своето владеење во Реал Мадрид.
Според „Мундо Депортиво“, Перез се посериозно размислува за заминување од клубот и веќе некое време го подготвува теренот за да може тоа да го направи што побезболно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Перез многу добро се сеќава што му се случи на клубот кога ненадејно го напушти во 2006 година, па сака да спречи тоа да се повтори.
Веројатно Перез нема да го избере својот наследник бидејќи процесот на избор на нов претседател е многу сложен, но ќе направи се за да го остави клубот во најдобра можна состојба и под привремена грижа на извршниот директор Хозе Анџело Санчез.
Мадрид негираше
Реал Мадрид денеска ги демантираше тие гласини. „Како одговор на гласините што се појавија на некои социјални мрежи, според кои претседателот Флорентино Перез наводно размислува да ја напушти претседателската функција, КФ на Реал Мадрид сака да го каже следново:
Гласините се лажни и се резултат на одредени интереси кои немаат врска со реалноста. На претстојното собрание на членовите на Реал Мадрид нема да има точка на дневниот ред за да се разговара за името Реал Мадрид Сити“, објавија шпанските гиганти на својата веб-страница.