Во Светската фудбалска федерација (ФИФА) се презадоволни од функционирањето на ВАР, па раководството сега размислува за фудбал без судии.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што објави „Мирор“, ФИФА формирала посебен одел кој треба да ја анализира можност за воведување на комплетна технологија во фудбалот.
„ФИФА веќе има одел кој го истражува таквиот дел на судењето. Еден ден помошниците сигурно ќе бидат заменети со камери и роботи. Можеби не набрзо, но во иднина сигурно“, изјавил анонимен извор за британскиот весник.
Ова можеби и не зачудува толку затоа што Џани Инфантино е еден од луѓето кои најмногу се залагаат за ВАР и тој беше најголемиот „виновник“ што ВАР се користеше на СП во Русија.
Сепак, во светот на фудбалот има и луѓе кои се противници на ВАР и тврдат дека технологијата го прави фудбалот да биде без страст, па останува да видиме како една ваква идеја за фудбал без судии би била прифатена.