Дома Фудбал Останато ФИФА прави револуција: Менаџерите повеќе нема да контролираат се!

ФИФА прави револуција: Менаџерите повеќе нема да контролираат се!

„Њујорк Тајмс“ пишува за револуционерни промени на ФИФА.

Кога „Њујорк Тајмс“ пишува нешто за фудбал, тогаш работите се сериозни и проверени, така беше досега.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој пат тие пишуваат цврста намера на ФИФА да ги спречи агентите да управуваат со трансфер пазарот и да зимаат огромни провизии, но и да не дозволи поголемите клубови да манипулираат со позајмиците на играчите.

За што се работи?

Мино Раиола е најдобар пример. За трансферот на Пол Погба од Јувентус во Јунајтед зема околу 40 милиони евра од двета клуба, како посредник во продажбата, но и купувањето. Значи ги застапуваше двете страни, што делува нелогично, но така функционира и Жорж Мендеш.

Од сега нема да може да се седи на две „столчиња“, а најголемата провизија ќе биде 3% кога делува на страната на клубот кој купува, односно 6% кога ќе посредува во име на клубот кој го продава играчот.

Јасно дека агентите ќе се обидат да пронајдат начин да ги заобиколат правилата, но тоа ќе биде ризично затоа што ФИФА се обидува да ја ограничи количината на пари на провизија која во последните пет години изнесува околу два милијарди долари.

Кога во прашање е втората операција, за неа се пишува долго време. Тимови како Сити, Челзи и Јувентус купуваат фудбалери за мали пари, за да ги спречат останатите да се засилат, потоа ги отстапуваат на позајмици во послабите клубови иако се свесни дека нема да ги вратат во тимот.

Така подоцна остваруваат профит, Јувентус неодамна ги продаде Орсолини, Аудеро, Мандрагора и уште неколку помалку познати играчи кои беа на позајмици, од нив „старата дама“ заработи сериозна сума.

Од сега ако помине предлогот на ФИФА од наредната сезона еден клуб ќе може да има само осум позајмени играчи (станува збор за фудбалери до 21 година), а тој број во 2022 година ќе биде намален на шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…