ФИФА пред неколку дена oтвори дисциплинска постапка против српската репрезентација поради спорното знаме во соблекувалната на „Орлите“ на кое беше истакната територијата на Косово со натпис „Нема предавање“, а сега на „тапет“ се и Хрватите.
Причината поради која светската куќа на фудбалот поведе постапка против Хрватска е навреда на голманот на канадската репрезентација Милан Борјан за време на натпреварот од второто коло од групата „Г“ на Светското првенство во кое Хрватите победија со 4 :1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Борјан беше протеран од родниот Книн во операцијата „Бура“ во 1995 година, а се уште не е одлучено кога, како и дали Хрватска ќе биде казнета.
Со два порази, Канада ги загуби сите шанси за пласман во осминафиналето на Мундијалот, додека Хрватите ќе ја решаваат својата судбина во последниот натпревар од групата против Белгија.