Војната во Украина направи големи промени во светот на спортот.
Русија практично е исфрлена од сите натпреварувања, а во петокот од судот за спортска арбитража пристигна одбивање на руската жалба за сите клубови и репрезентацијата од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Русија така дефинитивно ќе го пропушти Светското првенство затоа што нема да настапи во баражот кој се игра за десетина дена. Од друга страна со Украина би можело да се направи невиден преседан.
И Украина во март требаше да игра бараж и тоа против Шкотска, но мечот на овие две селекции поради ситуацијата е одложен за јуни, додека вториот полуфинален пар измеѓу Австрија и Велс ќе се одигра според планираното.
Меѓутоа би можело да се случи Украина да оди на Светското првенство, а да не игра бараж. Ова го потврди Ноел Монеј, од Фудбалскиот сојуз на Велс. Според неговите зборови ФИФА можеби ќе испрати специјална покана до Украина за настап на СП.
„Од нашата преспектива (на Велс) тоа би можело да се реалзиира и би била навистина добра работа. Би било човечки ако не можат да играат во јуни да добијат покана. Но тогаш тоа би значело дека на Светското првенство ќе играат 33 репрезентации затоа што во нашиот ждреб ќе останаенеме ние (Велс), Шкотска и Австрија, а за сите нас е голема работа играњето на еден Мундијал“, изјави Монеј.
Сепак, календарот на за турнирот е веќе креиран и планирано е турнирот да трае 28 дена, па затоа уфрлување на 33. репрезентација во овој момент изгледа навистина тешко.