Дома Фудбал Останато ФИФА жестоко го казни Партизан

ФИФА жестоко го казни Партизан

Српски Партизан доживеа нов голем удар. Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го казни клубот од Белград со забрана за регистрација на нови фудбалери во следните три преодни рока.

Ова значи дека црно-белите нема да бидат во можност да регистрираат нови играчи до зимата 2024 година. Медиумите во Србија пренесуваат дека причина за ваквата жестока казна кон Партизан е неисполнувањето на обврските кон Лугано за трансферот на Филип Холендер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обврската на клубот од Белград беше до март да го подмири заостанатиот долг, но парите не биле уплатени на сметката на Лугано, па Швајцарците се пожалиле до ФИФА. Реакцијата на Светската куќа на фудбалот била брза и Партизан сега се најде во сериозни проблеми.

Треба да се спомене дека во случај долгот да се подмири казната на Партизан ќе се укине во тој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на истрагата против Мбапе за наводното силување во Шведска

Шведските обвинители ја завршија истрагата за наводното силување поврзано со францускиот ф…