Сите медиуми пренесуваат дека Кутињо ќе замине од Барселона, каде практично не покажа ништо. Може ли тоа да го искористи Ливерпул?
Ливерпул е незапирлив во Премиер лигата и е многу блиску до титулата после цели 30 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мислите на многу екипи веќе се свртени кон новата сезона, па така и на Црвените, кои размислуваат за нови засилувања. Една од опциите е враќање на Фелипе Кутињо на Енфилд.
Интернет профилот под наслов “TheLiverpoolGoals” објави за можноста Кутињо да се врати на Енфилд, а Фирмино ја лајкуваше таа објава и со тоа јасно даде до знаење кое е неговото мислење по тоа прашање.
Овој профил претходно пласираше информација дека Бразилецот прифатил многу помала плата за да се врати во идниот англиски првак.
Да потсетиме, Кутињо го напушти Ливерпул во зимскиот преоден рок во 2018. година во трансфер вреден 160 милиони евра.
Roberto Firmino has liked this post on Instagram regarding Philippe Coutinho. ? pic.twitter.com/8AcMm6j5bW
— Inside LFC (@insidelfc) June 14, 2020