Душан Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус, а Фиорентина експресно му најде замена.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Фиорентина е во напредни преговори со напаѓачот на Базел, Артур Кабрал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
23-годишниот Бразилец игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски клубови. Тој оваа сезона веќе има постигнато 27 гола.
Кабрал има договор со Базел до јуни 2023 година, а Фиорентина за неговиот потпис ќе плати 15 милиони евра.
Во Фиорентина претходно пристигна и крилниот напаѓач од Лил, Иконе, па клубот верува дека двајцата ќе можат достојно да го заменат Влаховиќ.