Дома Трансфер зона Фиорентина го олади интересот на Јунајтед за српскиот дефанзивец

Фиорентина го олади интересот на Јунајтед за српскиот дефанзивец

Раководството на Фиорентина и официјално го олади интересот на Манчестер Јунајтед за српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ.

„Црвените ѓаволи“ покажуваат сериозен интерес за Србинот и се спремни во зделката да го вклучат и Андреас Переира. Меѓутоа, Фиорентина е категирична дека не сака да се раздели од стоперот во зимскиот преоден рок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голема е веројатноста дека на лето Миленковиќ ќе биде продаден за сума од околу 50 милиони евра.

21-годишниот дефанзивец пристигна во Фиоренатина во 2017 година од Партизан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …