Репрезентацијата на Хрватска во финалето на завршениот турнир во Холандија ќе и се спротивстави на шпанската репрезентација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватската фудбалска репрезентација вечерва ќе се обиде да го освои првиот трофеј во својата историја.
Хрватите во Ротердам го играат финалниот натпревар од Лигата на нации на УЕФА, а противник ќе им биде селекцијата на Шпанија.
Ова ќе биде второ финале на селекцијата на Хрватска во историјата на едно големо натпреварување, откако пред пет години на Светското првенство во Русија потклекна на последното скалило и претрпе пораз од Франција со 2:4.
Со влезот во финалето, обезбедена со полуфиналната победа над домаќинот на турнирот, Холандија (4:2), селекцијата на Хрватска под водство на Златко Далиќ веќе го обезбеди третиот медал на големите натпреварувања.
Однесе светско сребро од Русија во 2018 година, и светска бронза од Катар минатата зима.
Финалниот натпревар се игра на стадионот Де Куип во Ротердам со почеток од 20:45 часот.
Пред тоа во Еншеде (15 часот) во мечот за третото место ќе играат поразените полуфиналисти Холандија и Италија.