Навивачите на Реал Мадрид вратиле 2.000 влезници за саботното финале во Лигата на шампионите.
Позната е причината за ваквиот потег на фановите на „кралевите“ – не можат да обезбедат сместување во Киев!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Цените на хотелското смествување скокнале и за неколку пати што ги разулти и Украинците кои сметаат дека тоа остава лоша слика за нивниот град, па поради тоа ги повикуваат Англичаните и Шпанците да спијат во нивните домови.
Но, поголем проблем посебно за Шпанците се високите цени за авионските карти. Оние кои се уште не купиле карти денес би требало да платат најмалку 1.000 долари за повратен лет на реалција Мадрид – Киев.
„Доколку има празни столчиња на стадионо во Киев, УЕФА би требало да се засрами. Во целост ги разбираме навивачите на Реал кои купиле карти, но не можат да си дозволат сместување и лет. Организацијата на овој натпревар е целосен дебакл и се надеваме дека УЕФА добро ќе размисли за идните финалиња“, изјави за „Дејли Мејл“ портапролот на клубот навивачи на Ливерпул, Џејмс Мекен.
Влезниците кои се вратени од навивачите на Реал не можат да бидат префрлени на навивачите на Ливерпул, па навистина може да се случи дел од стадионот во Киев да остане празен.