Дома Фудбал Англија Финалето во ФА Купот ќе започне со едноминутно молчење

Финалето во ФА Купот ќе започне со едноминутно молчење

Борбата за трофејот во ФА Купот, која ја водат Челзи и Арсенал денеска на „Вембли“ (18:30), ќе започне со едноминутно молчење.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На тој начин ќе им се оддаде почит на загинатите во Манчестер, кои поради терористички напад загинаа 22 лица.

Освен финалето во ФА Купот, со едноминутно молчење ќе започнат и натпреварите во плејофот за промоција во Лига 1 (Блекпул – Екстер) и во Премиер лигата (Ридинг – Хадерсфилд), кој исто така се играат на „Вембли“ во недела и понеделник.

Поради овие ужасни настани, финалето во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, кој се игра во Кардиф на 3. јуни, нема да се игра под отворено небо. Стадионот „Милениум“ ќе биде покриен поради безбедносни причини и тогаш, и два дена порано кога на програмата е финалето во ЛШ за жени, каде што ќе се сретнат Олимпик Лион и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…